КПУ Затвор во Шутка, Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

30 дена притвор за осомничениот мајкоубиец од Росоман

27-годишниот жител на Росоман, кој е осомничен дека брутално, бодејќи ја со нож, на спиење ја убил сопствената мајка, ќе оди во притвор 30 дена, откако кавадаречкиот суд го прифати барањето на Обвинителството за мерката.

Според информациите од ОЈО, делото е извршено со умисла. Осомничениот ја нападнал својата мајка додека таа спиела во една од собите во семејниот дом, нанесувајќи ѝ смртоносна повреда со убод од кујнски нож во вратот.

Претходно денеска од ОЈО Кавадарци рекоа дека во рамки на постапката е издадена наредба за обдукција на телото на починатата.

Убиство во Росоман – син си ја заклал мајката со нож

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот