25 години од песната „Gangsta’s Paradise” која го натера светот на расизмот и сиромаштијата да им погледне во очи

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Не постоеше кафуле или журка каде оваа песна не беше пуштена дури и по неколку пати…

Се чини дека не постои лице на планетата кое во 1995 година не знаеше за песната „Gangsta’s Paradise”, во изведба на Кулио и Ел Ви. Нумерата се прослави во филмот, а можеби и таа го прослави него, „Dangerous Minds“ со Мишел Фајфер во главната улога.

На денешен ден пред 25 години, „Gangsta’s Paradise” го зазема местото број 1 на листата со најдобрите синглови во Обединетото Кралство. Не постоеше кафуле или журка каде оваа песна не беше пуштена дури и по неколку пати.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Рефренот и инструментацијата се засновани на „Pastime Paradise”, нумерата на Стиви Вондер од 1976-та година.

Раперот Кулио по неа го нарече својот втор студиски албум, а „Gangsta’s Paradise” се најде и на саундтракот од филмот, „Dangerous Minds“, драма заснована на автобиографијата „Мојата екипа не ја изработува својата домашна задача“ од Лу Ен Џонсон.

Оваа новинарка, книжевнк и пензиониран маринец во 1989 година била наставничка во Карлмонт во средното училиште во Белмонт, во Калифорнија, каде претежно предавала на афроамериканските и латино тинејџерите од источиот Пало Алто, сиромашен, економски лишен град каде владеела расна сегрегација. Џонсон ја толкуваше Мишел Фајфер, која се појави и во спотот на Кулио за „Gangsta’s Paradise”.

Фото: Промо

Билборд објави дека „Gangsta’s Paradise” е најпродаваниот сингл во 1995 година, сместувајќи го на 85-то место со најдобрите песни на сите времиња.

Кулио доби Греми за најдобар рап соло перформанс, 2 MTV награди за најдобро рап видео и најдобро видео за филм, како и Билбордовата музичка награда за песна и албум.

Продадена е во повеќе од 6 милиони примероци ширум светот, станувајќи еден од најпродаваните синглови на сите времиња.

Кулио со Ел Ви во 1995 година ја изведе во живо на доделувањето на Греми наградите, но и на Билбордовото доделување, каде им се приклучи и Стиви Вондер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот