ИНФОГРАФИК | 197 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 25 мерки за недавање предност на пешаци, 26 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возач почетник, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во еден ден казнети 953 возачи за брзо возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот