18 деца со ковид се лекуваат во болницата „Козле“, две од нив се приклучени на кислород

ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Вкупно 18 деца заразени со коронавирусот се лекуваат во Институтот за белодробни болести кај децата „Козле“, а две од нив се на кислородна поддршка, информира за Алмакос директорот на болницата Бесник Зеќири.

Тој додава дека згрижените деца се во добра состојба. Болницата во последните недели е полна со родители и деца кои ги носат на преглед, поради различните вирози кои се јавуваат во овој период од годината, вели Зеќири, додавајќи дека само децата кои се позитивни на коронавирусот се примаат на болничко лекување.

„Во институтот „Козле во моментов има вкупно 18 деца на возраст од бебиња до 18 години. Генерално, 70 отсто од нив се деца на возраст од 12 до 18 години. Во овој момент, на две од децата им е потребен кислород, а состојбата им е генерално стабилна,“ изјави Зеќири.

Во последните две недели, бројот на хоспитализирани деца не се спуштил под 15. Сега има помалку случаи на ковид-19 кај мали деца, а расте уделот на децата на училишна возраст меѓу згрижените, вели директорот.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во изминатата недела имало голем пораст на бројот на новозаразени деца на возраст од 0 до девет години – забележани се 114 нови случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот