Времето денеска: Сончево, попладне врнежливо

Фото: Pluto / Alamy / Alamy / Profimedia

Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта.

Температурата во Скопје ќе биде од 12 до 28 Целзиусови степени,а во Гевгелија од 16 до 28 Целзиусови степени. Долж Повардарите се очекуват значајно високи дневни температури.

Во Охрид темепаратурите денеска ќе бидат од 8 до 22, а најниска дневна  во Тетови и во Гостивар од 8 до 18 Целзиусови степени. Најниска утринска темепраура има во Берово 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи на 21 Целзиусов степен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот