10 најчести грешки при користењето на тампоните

Profimedia

Кога користат тампони, жените често прават некои грешки, кои можат да го загрозат нивното здравје. Дознајте кои се тие грешки и избегнете ги.

1. Рацете ги миете само откако ќе го вметнете тампонот. Рацете треба да се мијат и пред вметнувањето на тампонот за да се спречи влегувањето на несаканите бактерии во вагината.

2. Не го ставате тампонот доволно длабоко. Како ќе знаете дека сте го вметнале тампонот доволно длабоко? Така што воопшто нема да го чувствувате. Доколку е поставен премногу плитко, тоа ќе ви пречи и ќе предизвика чувство на непријатност.

3. Користите само една големина на тампон. Во деновите на поинтензивна менструација користете поголеми тампони за подобро впивање, но штом стане послаба менструацијата, користете помали тампони што апсорбираат послабо.

4. Премногу ретко го менувате тампонот. И тогаш кога менструацијата е слаба, тампонот треба да се менува на секои четири до пет часа. Така се спречува растот на бактериите.

5. Користите тампон кога имате секрет или исцедок. Во средината на циклусот, поинтензивниот исцедок е нормален, но не смеете да користите тампон, бидејќи може да ја нарушите природната киселост на вагината, што, пак, може да предизвика воспаление.

6. Користите тампон и ден пред и ден по менструацијата. Поради претпазливост го правите ова, но користењето тампон непосредно пред и по менструацијата не се препорачува, бидејќи тампонот не е добар за употреба кога вагината е сува.

7. Не го менувате тампонот откако ќе извршите нужда. Не мора да го менувате тампонот по секоја мала нужда, но не заборавајте да го промените по два или три часа. Секако променете го тампонот по извршување голема нужда за да го спречите букнувањето на бактериите.

8. Не го менувате тампонот по пливање. Без разлика дали пливате во базен, река, езеро или море, треба да го промените тампонот веднаш штом излезете од водата. Кончето на тампонот натопено во хлор, сол или во речна вода може да предизвика иритација на кожата.

9. Ги чувате тампоните на место каде што прска вода. Избегнувајте да ги чувате тампоните во близина на тушот за да избегнете нивно натопување со вода. Чувајте ги во затворена фиока или во шкаф за да останат суви и свежи подолго.

10. Користите ароматизирани тампони. Ако имате почувствителна вагина, избегнувајте употреба на миризливи тампони, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација и чешање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот