Стевче Јакимовски осомничен во случајот на СЈО со кодно име „Хармонија“

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Девет лица вработени во општина Карпош, кои биле блсики со, сега веќе приведениот, поранешен градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски се во Кривичниот суд. Тие треба да дадат исказ пред истражен судија. Според неофицијални информации, за шест лица се бара мерка притвор, а за останатите одземање на пасошите.

Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство и се однесува на легализација, приватизациија и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Цената на продажба била 5 евра од квадрат Проневерата предизвикала штета од милион евра.

Во 12 часот од МВР ќе се произнесат со дополнителни информации.

Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.

Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот