Истражување: НАТО бомбардирањето причина за рак кај децата во Србија

Научно-медицинска студија во соседна Србија покажала дека кај децата на возраст од 5 до 9 години, кои се родени после 1999 година, постои одредена тенденција на раст на заболување од малигни болести.

Истражувањето го правела Комисија за утврдување на последиците од бомбардирањето на НАТО со Институтот за јавно здравје во соседна Србија.

-Ние добивме податоци дека постојат назнаки на статистичка значајност поврзана за таа група на популација, за малигни болести во крвта. Можеме да кажеме дека на таа група деца влијаел одреден фактор тие да бидат чувствителни на настанување малигни болести – рекол претседателот на Комисијата, Дарко Лакетиќ.

Фокусот на истражувањето бил на децата, бидејќи кај возрасните постојат многу фактори на ризик, како пушењето или дебелината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот