Зошто зелениот чај е најдобар сојузник на жените во борбата со килограмите

зелен чај топење килограми сладеење
Фото: Unsplash

Освен за килограмите, добар е и за зајакнување на срцето, влијае врз намалувањето на лошиот холестерол и на шеќерот во крвта. Антиоксидантите се борат против слободните радикали и помагаат во борбата против стареењето, може да го спречи и формирањето малигни клетки. Чајот го намалува заморот и сонливоста, но исто така и зајакнува. Акумулирани токсини, надуеност, вишок килограми, за споменатите проблеми, природата го дала зелениот чај. Многумина ќе се согласат дека можеби не е многу вкусен, но ако се помеша со сок од лимон, без шеќер, или со некое друго овошје, вкусот е одличен.

Иако е лето, не треба да заборавиме дека на телото му годи топла напивка, секако не врела. Вашиот избор нека биде зелениот чај. Предноста на зелениот чај е тоа што не мора, но и не смее да се консумира повеќе од шолја или две на ден, што е доволно за исфрлање на токсините од организмот и топење на маснотиите во рекорден рок, додека првите резултати се видливи многу брзо.

Profimedia
ФОТО: Profimedia

Препораката е да не се пијат повеќе од две шолји на ден. Зелениот чај содржи кофеин, па ако имате проблем со несоницата, не го консумирајте навечер, од друга страна, ако имате висок крвен притисок, совет е да го избегнувате овој пијалак. Зелениот чај исто така може да ја намали апсорпцијата на железото, па не се препорачува употреба кај анемични лица.

Подготовка:
Лисјата содржат теин, теобромин, теофилин и есенцијално масло. Внимавајте при подготовката, се препорачува чајот да не биде во вода повеќе од три минути, бидејќи потоа може да дојде до зголемена концентрација на супстанциите и може да го наруши дејството. Една шолја чај содржи 50-100 мг полифеноли, а препорачаната дневна доза е до 300 мг.
Подготовката на чајот е означена на пакувањето, а препораката за најдобар ефект е: една лажичка прелијте со два децилитри зовриена вода изладена на 70 степени. Оставете да отстои три минути и пијте без шеќер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот