Зошто се украсува новогодишната елка? Од црвени јаболка, колачиња и свеќи до светкави украси и лампиони

Фото: Пекселс

Божиќните елки првично биле украсивани со црвени јаболка, колачиња и свеќи, симболизирајќи го Христос како вечна светлина. Низ вековите овој обичај се раширил низ Европа и светот.

Во Англија, новогодишната елка украсена со бонбони, хартиени цветови, лакови и мали подароци се појавила за првпат во 1841 година. Иако првично била резервирана за повисоките класи на општеството, традицијата брзо се раширила меѓу сите класи. Германските доселеници ја донеле во Америка, додека Азија за елката дознала од мисионерите.

Постојат различни теории за потеклото на обичајот на украсување на елката, а често се поврзува со симболиката на дрвјата во ритуалите пред христијанството. Во овој обичај улога игра и легендата за донаровиот даб, светото дрво на германското племе Хата.

Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј исекол едно од тие свети дрвја за да ја покаже супериорноста на христијанството. Овој настан се смета за клучен за христијанизацијата на Германците. Обожувањето на дрвјата меѓу европските пагани го преживеа прифаќањето на новата религија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот