Знаци кои ЈАСНО покажуваат дека ТОЈ никогаш НЕМА ДА ВЕ ПОБАРА ЗА ЖЕНА! – Слободен печат
ЕспресоСекс

Знаци кои ЈАСНО покажуваат дека ТОЈ никогаш НЕМА ДА ВЕ ПОБАРА ЗА ЖЕНА!

Ви претставуваме кои знаци откриваат дека мажот нема брак на памет.

Некои мажи имаат проблем со сериозното врзување, поради што ретко се женат за своите партнерки. Ви претставуваме кои знаци откриваат дека мажот нема брак на памет.

1. Ве остава сами да се снаоѓате на забавите

Мажот кој има проблем со врзување со задоволство ја покажува својата избраничка на забавите, но не поминува премногу време во нејзино друштво“, тврди психологот Лаурел Хаус, авторка на книгата „По ѓаволите со правилата: Водич до љубов без игри“.

И покрај тоа што заедно ќе влезете и ќе се поздравите со сите, по некое време ќе го „снема“ и ќе мора сами да се снаоѓате – дури и никого да не познавате…

2. Сака да ги слави успесите со вас, а да ги избегне поразите

Убаво е кога мажот чувствува потреба за споделување на среќните моменти во својот живот, но ако никогаш не зборува за неудобните искуства, тоа би можело да биде знак за опасност.

„Овој маж не гледа поддршка во вас. Тешко дека долготрајно ќе се поврзи со личноста што ја гледа на таков начин“, вели психологот.

3. За иднината зборува само под дејство на алкохол

Ако за вашата заедничка иднина зборува само кога е под дејство на алкохол – неговите намери не се сметаат. Она што навистина го открива се зборовите кои ќе ги каже со „трезна глава“. Мажите кои не планираат однапред, исто така, се они кои не сакаат да бидат со партнерката во подолга врска.

4. Често критизира наместо да помага

Конструктивната критика е составен дел од нашиот живот, која може да ни помогне да станеме подобри и поквалитетни личности. Но, ако вашиот партнер постојано ги ви критизира мислењата и постапките, тој се обидува да ве промени.

5. Никогаш не бара ваш совет

Ако мажот во вашиот живот бара совети од своите пријатели и семејството, но никогаш од вас, тоа е знак дека не ги смета за важни вашите размислувања. Големи се шансите дека не планира долготраен однос со жената за која нема добро мислење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close