ЗМСТАС: Зголемувањето на платите во здравствениот систем да биде линеарно за сите

Петнаесет проценти од одредената сума во буџетот, предвидено за зголемување на платите во здравствениот систем да биде линеарно за сите или пак да има зголемување на денарската противвредност на коефициентот, што сега изнесува 13.352 денари, бараат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС).

– На второ место е барањето три отсто да им се исплатат на сестрите и да најдеме начин да ги заштитиме нашите сестри во приватниот сектор. Ако не се оствари барањето најавуваме дека ќе се организираме со службена непослушност. Се надеваме дека нема да дојдеме до такво нешто и ќе го искористиме моментот до потпишувањето на договорот да успееме нашите сугестии да бидат прифатени, истакна денеска претседателот на ЗМСТАС, Гордана Бешлиовска во врска со предлог договорот меѓу Синдикатот и Министерството за здравство за покачувањето на платите на медицинскиот персонал.

Прочитајте и...  Интегра во Куманово: Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија

Таа посочи дека недоисплатеното процентуално зголемување, што било претходно најавено, а сестрите во здравствените институции не го добиле, е едно од најголемите причини за незадоволството во моментот.

Сега, нагласи таа, сме затекнати од овој договор во кој повторно сме истретирани како ние да не придонесуваме во првите редови во работата во здравствениот систем.

сега- Во овој момент, ние сме сведоци на конкурси исклучително со средна стручна спрема во сите здравствени институции. Една нововработена сестра во која било здравствена институција во примарно, секундарно или терциерно здравство ќе стартува со околу 16.500 денари до 17.000 денари личен доход. Тоа е само од вчерашната утврдена минимална плата за 1.000 или 1.500 денари. Што ќе ни се случи? Тоа се млади кадри, млади сестри кои после едукација од една година за тој личен доход не остануваат да се едуцираат, си заминуваат надвор од државата и повторно остануваме дефицитни на работните места, рече Бешлиовска.

Прочитајте и...  Во Црна Гора се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ

Таа појасни дека медицинска сестра со 37 години работно искуство во примарното здравство има личен доход од 20.800 денари.

Според неа, ваквиот начин на зголемување на платите е нелинеарен и најавите за повисоки плати од 25 отсто на специјалистите и 10 отсто на медицинските сестри го зголемува јазот меѓу овие две професии. – Тие работат тимски и наместо соодносот лекар – сестра да биде 1:2 сега ќе биде 6:2, додаде Бешлиовска.

Во врска со медицинските сестри во приватниот сектор, таа рече дека капитациите на докторите во матичните амбуланти се зголемиле, а никој не се прашал дали на медицинските сестри некој им ги зголеми личните доходи.

Бешлиовска најави дека попладнево ќе имаат средба со Самостојниот синдикат за здравство, на која ќе бараат да бидат прифатени нивните барања.

Прочитајте и...  Заев: Очекувам победа и стабилна коалиција

Прочитај повеќе

Заев од Струмица: На 15 јули изборот е едноставен – повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски (ВИДЕО)

Слободен печат

Пораст на новозаразени во Јужна Африка: Над 10.000 нови случаи на коронавирус

Слободен печат

Анти Ковид 19 правила за на плажа: Без дружби, на 6 метри дистанца!

Демонстрантите ја собориле статуата на Колумбо во Балтимор и ја фрлиле во океанот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“ објавени последниве денови

МИА агенција

Јанушев: Се обврзуваме на реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта (ВИДЕО)

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Почина првиот доктор од компликации на коронавирусот

Слободен печат

Болтон: Не е моја идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово

Слободен печат

Трамп најави победа против радикалната левица и напредок во борбата против коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски: Нема да ја игнорираме реалноста за името, но нема да дозволиме оганот македонски да згасне додека постои ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Шилегов: Пред точно една година, започнавме со градба на зелениот кров на ГТЦ (ФОТО)

Слободен печат

Мој ДДВ: Објавени се 15-те добитници на награда од 100.000 денари

Слободен печат