Златна тројка за најдобриот секс – Направете ги овие три работи и ќе го доживеете оргазмот на животот

Студиите покажаа дека хетеросексуалните жени значително поретко го доживуваат оргазмот, за разлика од лезбејките, од кои 86 проценти секогаш го достигнуваат врвот.

Тоа научниците ги поттикнало на истражување, кое покажа што всушност ги излудува дамите и кои техники во креветот гарантираат уживање.

Научниците од Чепмен Универзитетот во Индијана тестираа 52.000 лица од различен пол и сексуално определување на возраст од 18 до 65 години.

Се покажа дека овие три работи проверено водат до женски оргазам:

– Стимулација на гениталиите
– Страствени бакнежи
– Орален секс

Третина од мажите мислеле дека само сексуалниот однос е доволен партнерката да доживее оргазам. За жал, тоа е многу погрешно, кажаа експертите кои го спровеле овој тест.

Покрај тоа, се покажало и дека жените кои доживуваат оргазми со партнерот повеќе уживаат во врската. Сепак, научниците додадоа дека не треба слепо да се водите до ова откритие, бидејќи сепак се е индивидуално. Некој сака милување, бакнување на брадавиците, силни прегратки, мини садо-мазо техники, валкани зборови, употреба на секси играчки и сл. Клучот за сето тоа е постојаната и директна комуникација со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот