Златко Ориѓански испрати силна порака: Аспасија Софијанова го спаси животот на мојата ќерка

Композиторот Златко Ориѓански вчера објави емотивен статус на неговиот фејсбук-профил, во кој се заблагодарува на проф. д-р Аспасија Софијанова што го го спасила животот на неговата ќерка.

Во објавата тој пишува дека различностите помеѓу него и докторката во моментите кога се лекувала неговата ќерка не биле битни, истакнувајќи дека „животот е сепак, над се“.

Прочитајте го неговиот фејсбук-статус:

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, вмро, јас сум контра вмро, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не!
На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот