Фото: EPA/TIM KEETON

Зинченко од Арсенал на позајмица во Ајакс до крајот на сезоната

Холандскиот фудбалски клуб Ајакс постигна усмен договор со Арсенал за потпишување на договорот со левиот бек Олександр Зинченко. Договорот ќе биде на позајмица до крајот на оваа сезона, со што се исклучува можноста за траен трансфер во Нотингем форест, објави Фабрицио Ромато.

Се очекува 29-годишниот украински репрезентативец да пристигне во Амстердам во следните 24 часа за да ги помине медицинските прегледи. Ајакс ќе ја покрие целосната плата на играчот за време на периодот на позајмица, а трансферот е веќе во напредна фаза, објави Де Телеграф.

Украинецот го помина летото на позајмица од Арсенал во Нотингем форест во чиј дрес запиша 10 настапи во сите натпреварувања без да постигне гол. Затоа Зинченко даде согласност во принцип да се приклучи на Ајакс, а клубот одржува активен контакт со неговиот агент Жорже Мендеш.

Важечкиот договор на играчот со Арсенал истекува на крајот од тековната сезона, што им дава можност на гигантите од Амстердам да се обидат да го задржат подолг период во иднина.

Зинченко може да игра и како лев бек и како дефанзивен играч од средниот ред – две позиции што клубот планира да ги зајакне за време на зимскиот преоден рок. Покрај тоа, Ајакс има за цел да додаде дополнително искуство и лидерство во својот тим во втората половина од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот