Зидан: Уморен сум од гласините за Нејмар

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Претходно беше објавено дека „кралскиот“ клуб бара замена за Навас и го разгледува голманот на Милан, Пепе Реина, но…

– Не можам да замислам тим без Кејлор Навас, не размислувам за неговото заминување. Тој секогаш беше важен играч за нас. Кејлор не ми кажа дека сака да си замине. Овде е се уште. Јас не можам да ги контролирам неговите мисли. Кејлор е среќен тука и сака да покаже дека може да игра тука. Тој е професионалец, а јас сметам на него – изјави францускиот стручњак.

На прашањето од новинарите до каде се преговорите со Нејмар, Зидан одговори дека се ќе биде познато на 2 септември кога завршува летниот преоден рок во Шпанија.

Редовно се појавуваат информации во медиумите дека најскапиот фудбалер на светот може да дојде во Реал Мадрид или да се врати во Барселона. Јас сум уморен од гласините за иднината на Бразилецот.

– Сакам да дојде 2 септември што е можно поскоро. И тогаш овие прашања ќе престанат – нагласи Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот