„Жолтите елеци“ ја чинат Франција 2,5 милијарди евра

Владата на Франција извести дека „Жолтите елеци“ до сега ја чинат државата околу 2,5 милијарди евра. Добар дел од сумата е за санирањето на последиците од протестите кои често завршуваат со немири.

Утре се одбележува точно една година од формирањето на „Жолтите елеци“. Нивните протести почнаа поради зголемената сума на горивата за автомобилите, а потоа протестите добија политичка конотација и постанаа движење против актуелната администрација на францускиот претседател Емануел Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот