Животната приказна на жена која поради љубовта одела пеш 1.500 километри до Македонија

Тешкиот и крајно неизвесен пат од 1.500 километри пеш до Македонија, на жената што во нашата приказна ќе ја наречеме Хамида, не успеал да ѝ го скрши духот. Напротив, со широка насмевка и срдечност нè пречека на врата во станот во Скопје подготвена да ја раскаже својата приказна, пишува frontline.mk.

Хамида е млада мајка на тригодишно девојче која од својата земја избегала не поради војната, туку поради втората најдобра причина, љубовта. Имено, на 15-годишна возраст, таа избегала во друга земја за да се омажи за мажот што го сака. Заедно живееле таму кога почнале немирите во нивната земја, со што им паднале во вода плановите да се вратат назад.

Без документи и со желба да стигнат до сигурен и безбеден живот во Холандија, каде сопругот има двајца браќа, заминале пешки кон Европа. Хамида во тоа време веќе е трудна, но на 23-годишната идна мајка, патот пешки не ѝ паѓа тешко, затоа што се надева на поубав и помирен живот.

Целата приказна за Хамида прочитајте ја тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот