Фото: Дојче веле / скриншот

Жителите на Љубојно 100 дена протестираат против сечата на шумата над селото: Не се откажуваме!

Денеска беше точно 100-тиот ден на кој се организираа протести преку кои жителите на преспанско Љубојно бараат трајно запирање на сечата на шумата над нивното село. Велат дека на овој начин ја штитат шумата, којашто всушност ги штити нив.

„Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот штит што со децении го чува селото од поројни води, ерозија и разурнување на теренот. Секој дожд во последниве години ни покажува колку е кревка рамнотежата. Најмалата грешка таму горе во шумата, станува најголема опасност овде долу во селото“, вели Јове Наумовски, жител на селото Љубојно.

Жителите се одлучни да останат обединети додека не ја постигнат целта – трајно да запре сечата на шумата, која еднострано и без да ги консултира, ја врши претпријатието „Национални шуми“.

Протестите започнаа во август, кога жителите првпат забележаа дека на падините над селото се сече шумата Теренот е чувствителен, веднаш над селскиот водовод и на местото каде што шест долови директно водат кон селото — природна конфигурација што го штити Љубојно од поројни води и ерозија. Мештаните предупредуваат дека секое разредување на шумата може да значи зголемен ризик од поплави, какви што веќе беа забележани летово.

Протестираа жителите на Љубојно, велат дека концесионерот ја сотрел шумата над селото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот