Жителите на Љубојно 100 дена протестираат против сечата на шумата над селото: Не се откажуваме!
Денеска беше точно 100-тиот ден на кој се организираа протести преку кои жителите на преспанско Љубојно бараат трајно запирање на сечата на шумата над нивното село. Велат дека на овој начин ја штитат шумата, којашто всушност ги штити нив. „Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот штит што …

