Жестоки борби меѓу авганистанските сили и Талибанците во центарот на Кундуз

Војници во Авганистан / Фото: EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Жестоките борби од улица до улица продолжуваат во различни делови на градот. Некои безбедносни сили се повлекоа кон аеродромот, рече Амрудин Вали, член на провинцискиот совет на Кундуз.

Авганистанските сили и Талибанците водат жестоки борби во центарот на градот Кундуз, главниот град на истоимената провинцијата, изјавија официјални лица и жители.

– Жестоките борби од улица до улица продолжуваат во различни делови на градот. Некои безбедносни сили се повлекоа кон аеродромот, рече Амрудин Вали, член на провинцискиот совет на Кундуз.

Талибанците од петокот зазедоа две провинциски престолнини, но Кундуз, кој се наоѓа во северните региони на земјата, би бил најзначаен доколку падне во рацете на џихадистите. Талибанците започнаа офанзива во мај, кога странските сили ги започнаа последните фази од нивното повлекување.

– Талибанците стигнаа до главниот плоштад во градот. Авионите ги бомбардираа”, рече телефонски Абдул Азиз, жител на градот. – Владее целосен хаос, пренесуваа западни медиуми.

Авганистанските владини сили во голема мера ја препуштија провинцијата на џихадистите, но сега се борат за да заштитат голем број градови низ земјата.

Во петокот, Талибанците го зазедоа првиот провинциски главен град, Заранж во Нимроз, а еден ден подоцна го зазедоа Шеберхан во Јoуџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот