Жените од ДУИ меѓу два огна

Жените од ДУИ денеска ќе треба да пресечат дали ќе одат на средбата закажана од партијата на која меѓу говорниците ќе биде лидерот Али Ахмети или пак, кај „огнените“ предводени од потпретседателот Изет Меџити. По паралелните средби на Ахмети и министрите и на „огнените“ минатата недела, вечерва првпат Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби од една страна и „огнената група“ од друга на собири со сопартијците и граѓаните го таргетираат Форумот на жените на ДУИ, што пак, може да се толкува како директно пребројување и одмерување на силите.

Според објавите од двете групи, Ахмети и министрите ќе одржат средба со Форумот на жените во 17 часот, а во 19 часот ќе се сретнат со граѓаните во Тетово.

„Ве известуваме дека денеска (четврток, 26.01.2023 година) со почеток во 17:00 часот, претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети ќе оствари средба со форумот на жени на ДУИ во ресторанот „Ара“ во Тетово, а со почеток во 19 часот ќе се сретне со граѓаните во ресторанот „Лусна“ во Тетово“, се вели во соопштението на ДУИ.

Час и половина подоцна, во 18.30 часот „огнените“ во Албанскиот театар во Скопје закажа средба со Форумот на жените.

„Почитувани мајки и сестри, како што знаете, веќе се организираат состаноци на кои учествуваме со наша најдобра намера да ги откриеме нашите позиции, што е апсолутно европска вредност, но што е уште поважно, на овие средби го слушаме вашиот глас, вашиот збор, вашите проблеми. Утре, четврток, 26 јануари е вашиот ден. Ве повикувам да дојдете и слободно да ги искажете вашите позиции кои се важни и почитувани. Вие сте столбот на општеството, затоа вашиот глас мора да се слушне! Да не заборавиме, без жени во одлучувањето, нема Европа!“,напиша Меџити на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот