Жената која падна од зграда во Охрид била турната, на две лица ќе им се суди за обид за убиство

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

За инцидентот кој се случи на осми март во Охрид кога жена беше тешко повредена при пад од трет кат од станбена зграда, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица, 32-годишниот А.Д. и 21-годишниот Е.М двајцата од Охрид.

Кривичната пријава за А.Д. е за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ додека против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

„На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Охриѓанка паднала од трет кат, приведени двајца мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот