Жена од село Косевица си ја запалила сопствената куќа и изгорела во пожарот

Густиот и црн чад се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост.

Жена од село Косевица, во близина на Македонска Каменица, утрово си ја запалила сопствената куќа во која и самата изгорела.

Како што информираат од ЦУК, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост.

„Жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции“, информираат од ЦУК.

Загина 68-годишен жител на Ранковце, изгорел во оган што самиот го запалил

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот