Жена го прекршила полицискиот час во Тетово

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Станува збор за 35-годишна жена која била уапсена во 22 часот на улица „Вонвардарска” во Тетово.

Тетовската полиција во периодот во измитатите 24 часа открило уште едно лице кое не ја почитувала владината одлука за ограничено движење. Станува збор за 35-годишна жена која била уапсена во 22 часот на улица „Вонвардарска” во Тетово. Вкупно досега 31 лице го прекршиле полицискиот час.

Секторот за внатрешни работи – Тетово воедно апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината одлука за ограничено движење и сите мерки и препораки за справување со коронавирусот.

– СВР Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување од нивните домови, затоа што можат да ги доведат во прашање сопствениот и животот на своите најблиски во семејството, роднини, пријатели и соседи, на своите сограѓани. СВР Тетово и со конкретен совет до сите на подрачјето: Останете дома и најдете нешто што ќе ве направи спокојни и во овие навистина сериозни мигови, кога животите се во прашање, а секој човечки живот нема цена и со ништо друго не може да се надомести. Оние на кои им е потребна било каква помош од делокругот на професионалните обврски на СВР Тетово, како и досега, можат да се јават на телефонскиот број 192, се истакнува во соопштението на тетовската полиција.

Вчера, тетовската полиција во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во Тетово и тетовска Голема Речица има откриено три угостителски објекти, кои биле отворени и работеле. Објектите се затворени, а против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот