Зголемен ризик од ковид-19: Лидерите на ЕУ повторно ќе состаночат онлајн

Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на Европската Унија (ЕУ) ќе одлучат како најдобро да ја продолжат својата работа во пресрет на новиот бран на епидемијата на ковид-19 во Европа.

– Ситуацијата е комплицирана Ќе се договориме како ќе продолжиме да работиме. Видео конференциите се добри, но имаат свои граници кога станува збор за чувствителни дебати, рече Мишел.

На крајот на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, Шарл Мишел изјави дека две членки на Европскиот совет морале да го напуштат состанокот поради контакти со заразени лица.

Тој додаде дека има лидери на ЕУ кои повикуваат на „поголема претпазливост” во сегашните околности, но, исто така, и оние кои се залагаат состаноците на највисоко ниво на ЕУ да останат со физичко присуство поради ефикасноста во донесувањето одлуки и градењето на консензус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот