Земјотрес кај Струмица, го почувствувале и жителите на Валандово

Земјотрес /Фото: МИА

Потрес со јачина од 2,2 степени е регистриран вечерва во југоисточниот дел од државата, а епицентарот е во близина на Струмица, соопшти скопската Сеизмолошка опсерваторија.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица“, велат сеизмолозите.

Потресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а го почувствувале жителите на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додаваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот