Земан ќе стави вето на законот за истополови бракови

Милош Земан/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри.

Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа.

– Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак.

Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот