Зеленски и Буданов/Фото: Телеграм

Зеленски го објави новиот шеф на кабинет на местото на Јермак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека му ја понудил функцијата шеф на Кабинетот на претседателот на Украина на шефот на военото разузнавање, Кирил Буданов, пренесува Киев пост.

„Во моментов, на Украина ѝ е потребен поголем акцент на безбедносните прашања, развојот на одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот пат на преговорите, а Кабинетот на претседателот првенствено ќе служи за исполнување на овие задачи на нашата држава“, напиша тој на социјалните мрежи во сенка на војната.

Буданов го наследува Андриј Јермак, со што станува таканаречениот „втор најмоќен човек“ во Украина.

Оставката на Јермак (на 28 ноември) и неговата замена од Буданов се директно поврзани со еден од најголемите корупциски скандали во украинската историја, познат како Операција Мидас.

Иако самиот Јермак сè уште не е формално обвинет за кривични пријави, притисокот што го добиваше беше задушлив.

Буданов, 40, е началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина од август 2020 година. Претходно бил заменик-директор на еден од одделите на Службата за надворешно разузнавање на Украина. Тој има чин генерал-мајор.

Тивка трка за нов шеф на кабинет на Зеленски: Кој ќе го наследи Јермак?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот