ВИДЕО | Зеленски ги повика Украинците да ја бранат својата држава а народот на Русија да се спротивстави на војната

Володимир Зеленски, претседател на Украина / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сите граѓани кои се подготвени да ја бранат земјата од руските сили, да се пријават во центрите за мобилизација, а Киев ќе им обезбеди оружје.

Зеленски денеска поднесе и предлог закон до Собранието за општа мобилизација.

Според соопштението на Кремљ, Путин ќе одлучи колку долго ќе трае руската воена операција во Украина, во зависност од тоа како ќе напредува и од целите.

Зеленски во својот говор до нацијата го повика и народот на Русија, „оние кај кои останало барем малку доблест“, да протестираат против војната во Украина, јавија украинските медиуми.

„Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи се уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина”, напиша Зеленски на Твитер.

Претседателот ги повика Украинците да им ја кажат вистината на своите познаници за војната во Украина.

„Почитувани граѓани, кои имаат роднини во Русија, кои имаат пријатели, новинари, кои познаваат блогери, ве молиме побарајте ги, тие мора постојано да зборуваат за тоа, тогаш Русија ќе ја знае вистината”, напиша Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот