Зеќир Рамчиловиќ ја откачи „вмровската осмица“

Фото: МИА

Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Групата пратеници ова барање вчера го доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој се очекува да го предложи Рамчиловиќ да биде избран за потпретседател на 116 собраниска седница што се очекува да започне попладнево.

Претходно, Рамчиловиќ на 1 ноември го известил претседателот на Собранието Џафери дека ја напушта независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе функционира како независен пратеник.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот