ЗЏМ Биг бенд ќе настапи со Рамбо Амадеус на концертот „Чудо на Балканот“

Несекојдневен настан на домашната сцена, на кој ќе може да се посведочи генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот – Рамбо Амадеус, во придружба на Биг бендот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници на Македонија – ЗЏМ, ќе се одржи на 8 декември, со почеток во 20.30 часот, во Македонска филхармонија. Концертот ќе биде уникатна можност да се слушнат легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд.

Рамбо Амадеус е артист што доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и како еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.

Здружението на џез-музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез-музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез-музика во земјата и надвор од неа.

Во Здружението членуваат и дел од македонските најреномирани џез-музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ Биг бендот, чија репутација се должи на многубројните успешно организирани настани во изминативе години.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 157, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 3-4 декември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот