Здравствените работници и хронично болните први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот

Вакцини против сезонски грип/Фото: Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кога ќе пристигнат ваквините тие ќе бидат распоредени по протоколот,изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

Очекувам во март следната година ќе биде месец на вакцинирањето. Ние утврдивме дека 417.000 вакцини тогаш ќе пристигнат и ќе започнеме со процесот. На нашетото население му треба вакцинизацијата бидејќи тогаш се очекува да запре и ширењето на вирусот на светско ниво. Затоа сме предвиделе се, сме ги презеле сите протоколи за потребите на граѓаните. Ги прифаќаме сите докации од нашите пријателски земји за вакцини. Но, нам ни беше многу важно да бидеме спреми кога тие ќе пристигнат, изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

– Здравствените работници и хронично болните први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот. Кога ќе пристигнат ваквините тие ќе бидат распоредени по протоколот – изјави Заев.

Запрашан зошто го прифатил дарот вакцини од Бугарија, Заев рече дека доколку тоа би било одбиено ќе било толкувано како непријателски гест од македонска страна.

– Ако имамем намера да продолжиме пријателски да се однесуваме со тој наш сосед, така треба и да се однесуваме. Подадената рака е подадена. Јас го поздравив тој чекор на премиерот Бојко Борисов – нагласи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот