Здрави намирници кои можат сериозно да ви наштетат доколку ги консумирате во големи количини

Умереноста е важна и кај здравите намирници, бидејќи секогаш постои шанса дека ќе консумирате премногу „добри работи“. Без разлика дали се работи за јаткасти плодови, риби, зеленчук или житарици, подобро е да ги држите работите во „граници на нормала“.

Во продолжение дознајте кои здрави намирници можат да станат опасни :

1. Бразилски ореви

Бразилскиот орев е познат по најдобриот извор на селен, хемиски елемент кој игра важна улога во репродукцијата и е голем сојузник на телото во борба против разни инфекции.

Во еден бразилски орев има 90 милиграми селен, што е речиси двојно поголема количина од онаа која дневно треба да ја внесете.

Повремено грицкање на бразилски ореви е во ред, но нивна секојдневната консумација, може да ве изложи на ризик од тровање од селен. Тоа може да доведе до опаѓање на косата, проблем со дигестивниот систем, невролошки проблеми, вртоглавици, па дури и срцеви напади и откажување на бубрезите.

За да ги избегнете потенцијалните проблеми, ограничете го консумирањето на неколку бразилски ореви, неколку пати неделно.

2. Спанаќ, блитва

Не треба да се напоменува дека секоја од овие намирници е вистинска бомба од хранливи материи, а содржат и големи количини оксалат, природни состојки кои имаат улога на пробиотици и ги хранат добрите бактерии кои се наоѓаат во цревата.

Меѓутоа, ако сте склони на камен во бубрег, консумацијата на храна која е богата со оксалати, може само да ја влоши вашата состојба, судејќи по тоа дека на бубрезите ќе им биде тешко да ги исфилтрираат овие состојки. Во овој случај, најдобро би било да ги избегнувате намирниците богати со оксалати, или да консумирате алтернативи, како што се зелката и карфиолот.

3. Конзервирана туна

Туната во конзерва е лесно достапна, практична и богата со протеини и важни омега-3 масни киселини. Меѓутоа, во неа може да пронајдете жива, што може да му наштети на нервниот систем, особено кај малите деца, а може да го спречи и нивниот правилен раст на мозокот.

Во големи количини, живата може да биде опасна и за возрасните, но експертите сѐ уште не се сигурни колкава количина на конзервирана туна треба да изедете за да се појават симптоми како укоченост, проблеми со видот и памтење.

4. Црвено месо, остриги, бел грав

Сите овие намирници се одличен извор на железо, а тоа игра клучна улога во доставување на кислородот во мускулите. Додека дефицитот на железо може да ве направи слаби и уморни, преголемата количина на железо може да доведе до оштетување на црниот дроб.

Сепак, поголем дел од луѓето имаат проблем со недостаток на овој минерал во телото, затоа предозирањето од него е ретка појава, особено ако храната ви е единствен извор на железо.

Ако земате додатоци во исхраната (кои содржат железо), добро би било да се посоветувате со нутриционист, за да ја избалансирате вашата исхрана со додатоците кои ги земате.

5. Кафеав ориз

Сложените (здрави) јаглени хидрати се синоним за здрава исхрана, но оризот е добар во апсорбација на арсен, хемиски елемент кој природно се појавува во почвата и водата.

Кафеавиот ориз апсорбира многу повеќе од овој тежок метал, од белиот ориз. Арсенот е познат како канцероген, но експертите се сложуваат дека поради тоа не мора кафеавиот ориз да го исфрлите од исхраната. Наместо тоа, косумирајте го повремено, а во својата исхрана внесете ги и останатите житарки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот