Заврши состанокот со Лајчак, нема конечен договор меѓу Белград и Приштина
Белградската делегација ги заврши разговорите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и ја напушти зградата на Европската служба за надворешна акција, без изјави за печатот.
Препорачано
Како што неофицијално дознава Н1, конечниот договор меѓу Белград и Приштина за решавање на кризата на административните премини на северот на Косово вечерва не е постигнат. Разговорите ќе продолжат, но се уште не е познато кога.
This morning, I had two separate meetings with the Chief negotiators of Kosovo and Serbia to discuss ways to solve the current crisis. We will continue our discussions throughout the day. pic.twitter.com/PktLJxLk3R
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) September 29, 2021
Потсетуваме, главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисjими, денеска во Брисел изјави дека двете страни постигнале принципиелен договор за решавање на кризата во северно Косово, но дека белградската делегација не се согласила за точката на договорот во врска со автомобилите со К.М. таблички.
Бисjими за новинарите рече дека нацрт -договорот предвидува три точки.
Првата точка предвидува дека и српската и косовската страна од понеделник ќе почнат да користат налепници, наместо да ги вадат регистарските таблички. Втората точка предвидува формирање работни групи за трајно решение на прашањето за слободата на движење, во рок од шест месеци, додека третата точка предвидува членовите на КФОР да ги заменат единиците на РОСУ во северно Косово и истовремено да ги отстранат барикадите поставени од косовските Срби.
Претставникот на Приштина рече дека единствената точка на која делегацијата од Белград не ја дала својата согласност, пред договорот да биде прогласен за конечен, се однесува на автомобилите со КМ таблички.
Инаку, делегациите на Белград и Приштина денеска не беа на иста преговарачка маса во Брисел, туку имаа само билатерални средби со Лајчак, кој посредуваше во преговорите меѓу двете страни.
Американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, вечерта на Твитер изјави дека е во близок контакт со американскиот пратеник Габриел Ескобар, кој исто така е во Брисел за да го поддржи овој дијалог, и дека договорот не е финализиран, иако има напредок.
„Работата не е завршена, но постигнат е добар напредок. Страните треба да бидат флексибилни и да продолжат со својата работа за да го финализираат ова. „Времето е сега“, рече Годфри.
I am in close touch today with my friend DAS Gabe Escobar, who is in Brussels to show support for the EU-led Dialogue. This work is not finished but good progress has been made. Parties must be be flexible and continue the work to take this to the finish line. The time is now. https://t.co/cQ4Ba17A4U
— Ambassador Anthony Godfrey (@usambserbia) September 29, 2021
Лајчак: Започнати се одделни преговори со претставници на Србија и на Косово


