Заврши болничкото лекување на повредените мигранти во сообраќајката кај штипска Лакавица

Заврши болничкото лекување на шестмината мигранти, кои во неделата се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека четворица од нив беа сместени на одделението за Ортопедија, двајца со повреди на рамо и двајца со повреди на нозете. Во кампот во Гевгелија се и останатите двајца мигранти кои беа хоспитализирани на одделението за Хирургија.

– Од нив едниот имаше повреди на лицето. Вчера беше однесен на преглед на Клиника за максилофацијална хирургија во Скопје, прегледан е таму и заедно со другиот пациент од хирургија, емигрант, однесени се во центарот за мигранти кај Гевгелија – вели Шуманска.

Таа истакна дека според лекарите потребна им е дополнителна медицинска нега, но болничкото лекување им е завршено. Во сообраќајката која се случи во близина на село Лакавица повредени беа 11 мигранти кои се превезувале во багажникот од возилото, кое директно се судри со автомобил мерцедес во кој се превезуваа две штипјанки. Возачот на возилото во кое се превезувале мигрантите е во бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот