Затворени гласачките кутии во Унгарија, урнати се рекорди за излезност
Изборните места на парламентарните избори во Унгарија се затворени во 19 часот, а во текот на денот е забележана историски рекодна излезност, пренесе Н1.
Препорачано
Броењето на гласовите пристигнати по пошта почна по 19 часот, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната изборна канцеларија и Изборната комисија, веројатно околу 20 часот.
Првите резултати од изборите во Унгарија се очекуваат вечерва од 20 часот, кога Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува на официјалната веб-страница, со ажурирања на секои десет минути. Податоците ќе пристигнуваат по одреден редослед, прво ќе се обработуваат гласовите за поединечните кандидати, потоа за националните партиски листи, а на крај и за листите на националните малцинства.
До 17 часот беше соборен апсолутниот рекорд на излезност, 74,23 проценти од гласачите, или 5.587.935 луѓе, излегоа на гласање. Тоа веќе го надмина претходниот рекорд од 2002 година, кога вкупната излезност беше 73,5 проценти.
За споредба, на изборите во 2022 година, излезноста во 17 часот беше 62,9 проценти.
Унгарските медиуми забележуваат дека во 2002 година, последните податоци во текот на денот биле објавени во 17:30 часот, па затоа нема директно споредливи податоци за 17 часот, но тогашниот рекорд во вториот круг бил 67,87 проценти.
Големата излезност дава предност на опозициската партија Тиса на Петер Маѓар, напиша политичкиот аналитичар Соболч Пани на мрежата Икс, додавајќи дека тоа истовремено ги „турка“ сите други партии под изборниот праг од пет отсто.
😮🇭🇺🗳️ THIS IS MASSIVE. Hungary’s parliamentary election turnout hit 74.23% by 5pm (62.92% at this point in 2022; final: 70.21%).
Opposition stronghold Budapest is at 77.18%, big cities 75.55%.
Final turnout is set to exceed 80% – unprecedented.
Polls close at 7pm CET. pic.twitter.com/TV8kbMak36
— Szabolcs Panyi (@panyiszabolcs) April 12, 2026
Аналитичарот Матијаш Боди од „Валастаси Геограц“ ја окарактеризира големата излезност како најважен индикатор, а претходно изјави дека очекува конечната излезност да биде помеѓу 75 и 80 проценти.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, зборуваше за високата излезност. Тој објави порака до гласачите на својот Фејсбук профил, нагласувајќи ја важноста на гласањето за безбедноста на земјата.
Голема излезност на изборите во Унгарија – Орбан: Тоа значи само едно
Анкетите на јавното мислење во текот на изминатите две недели покажаа дека партијата Фидес на Орбан заостанува зад Тиса, новата централно-десничарска партија на Маѓар, за седум до девет процентни поени.


