Затворени два угостителски објекти, приведени гости

Угостители

Два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици  се казнети бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволенот работно време кое поради пандемијата предизвикана од коронавирусот е до 18 часот.

– На 25.12.2020 во 18:55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Исто така, вчера во периодот од 18 до 22 часот на подрачјето на Карпош при извршена контрола на угостителски објект е констатирано дека објектот во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера од 16 до 23 часот во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот