Затворен угостителски објект во Аеродром, приведени 9 лица

При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.

Синоќа околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во  трговски центар на булеварот „Јане Сандански”.

При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.

Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот