Заталкани куршуми погодиле две фирми на „Цветан Димов“ во Чаир

Просториите на две фирми, лоцирани на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир, биле погодени од заталкани куршуми, соопшти полицијата.

„На 13.01.2025 во 08.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 11.01. до 13.01.2025 на ул.„Цветан Димов“ од заталкано зрно од огнено оружје била оштетена влезна врата и еден прозорец на објект на правно лице. Исто така, било пријавено дека во истиот период, од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен прозорец и на објект на друго правно лице, на истата улица. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот