Фото: МВР

Заталкан куршум завршил во нога на десетгодишно девојче од Сарај

Десетгодишно девојче од скопското село Глумово, општина Сарај, вчера попладне било повредено од заталкан куршум. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди во пределот на ногата.

„На 31.01.2026 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот