Застаре предметот „Траекторија“, нема да му се суди на Груевски

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Донесено е решение од Кривичн иот суд со кое се запира постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава.

После ова решение Кривичен ќе треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.

Неговиот адвокат, поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание.

Во предметот со кодно име „Траекторија“, освен Груевски, обвинет е и неговиот близок соработник, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот