Заштитни столпчиња за поголема безбедност во катната гаража „Беко“

На иницијатива на ЈП „Градски паркинг“, екипи на ЈП „Улици и патишта“, деновиве поставија заштитни столпчиња по должината на кружната рампа во катната гаража „Беко, од кат -2 до кат 7.

Целта на поставувањето на овие столпчиња е да се овозможи подобра ориентација при движење на возилата и да се спречат несакани оштетувања на возилата од евентуални удари во кружната рампа – велат од ЈП „Градски паркинг“.

Оттаму објаснуваат дека на овој начин е олеснето движењето при паркирање, но сепак апелираат до возачите при движење во правец нагоре и надолу во катната гаража „Беко“, да возат внимателно и со прилагодена брзина на движење на возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот