Запомнете го овој трик! Како да не ги уништите витамините во брокулата при готвење

Фото: Профимедиа

Брокулата е задолжителен дел од менито, не само за поддржувачите на здравата исхрана, туку и за сите други. Овој зеленчук е популарен со својата ниска калорична содржина и е доста хранлив и здрав.

Како и повеќето овошја и зеленчуци што ги купуваме, така и за брокулата е важно како ја чуваме, за да остане свежа и во добра состојба кога треба да се консумира.

Еве и неколку идеи како правилно да ги чувате, а и како да ги подготвите брокулите.

Чувањето е многу важно како за зачувување на вкусот, така и на сите витамини што се наоѓаат во брокулите. Најмногу видливи знаци, кои го покажуваат неправилното чување, стануваат очигледни кога коренот на брокулата почнува да пожолтува.

Уште еден видлив знак за неправилно чување е кога самата внатрешност ќе почне да се суши или кога зеленчукот ќе почне да гние. Во оваа состојба не се препорачува да ја купувате брокулата, бидејќи веќе ги изгубила вредните витамини и поминало многу време откако била изберена.

Квалитетната и свежа брокула се препознава по темнозелената и свежа боја. За да остане во таква состојба, таа мора да се чува на ладно место по берењето. Може да се чува во фрижидер на околу нула степени.

Брокулата може да се подготви на различни начини. Можеме да ја направиме на пареа, да ја похуваме, пржиме или само да ја свариме во солена вода.

Меѓутоа, според истражувањата, ако брокулата се свари, ја губи содржината на минерали и витамини. Затоа, се препорачува да се подготвува на пареа или ако сакате да ја варите, треба да ја поставите во водата со стеблото и врвовите свртени нагоре, дури и над површината на водата.

Потребно е да се каже дека може многу лесно да се превари, а потоа брокулата се претвора во каша.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот