Започнува НБА лудилото, Дејвис останува во Лејкерс, Голден Стејт бркаат ол стар центар

twitter.com/Aaron83477419

Ентони Дејвис кој заедно со Леброн Џејмс се најзаслужни за освојувањето на 17. шампионска титула на Лос Анџелес Лејкерс, донесе одлука за својата иднина.

Како што пренесува новинарот Шемс Чаранија, Дејвис одлучи да остане во ЛА Лејкерс и да се обиде заедно со Џејмс да ја одбранат титулата.

Кошаркарот одлучи да не ја искористи опцијата да го продолжи договорот со Лејкерс за уште една сезона со што би заработил 28.7 милиони долари поради една причина, за да може да потпише нов договор со НБА шампионот. Неговиот агент Рич Пол веќе започна преговори со управата на „езерцата“ и во најскоро време се очекува да се договорат. Засега се разговара дали Дејвис ќе потпише двегодишен, тригодишен или четиригодишен договор, а почетната плата во првата сезона би му изнесувала 33 милиони долари по што секоја година би се зголемувала.

Американските медиуми шпекулираат дека шампионот ќе остане без еден од клучните кошаркари, Двајт Хауард, за кого најзагреан е Голден стејт вориорс. „Воините“ бараат искусен и квалитетен центар кој би можел да се надигрува со Дејвис и Никола Јокиќ од Денвер нагетс кои се најдобри центри на Западот, и изборот паднал на Хауард иако во игра е и центарот на Орландо меџик, Никола Вучевиќ.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ кој имаше солидна сезона во Сакраменто летово ќе стане ограничено слободен играч што значи дека неговиот сегашен тим ќе може да ја израмни секоја понуда која бекот ќе ја добие од останатите екипи. Но, медиумите се сомневаат дека Сакраменто е подготвен да му даде годишна плата од 20 милиони евра, сума која од друга страна е подготвен да ја плати Милвоки бакс. Челниците на Милвоки му ветија на Јанис Адетокумпо дека за наредната сезона ќе состават тим кој би бил еден од главните фаворити за титулата и прв чекор во тоа е ангажманот на добар шутер за три поени. Изборот паднал на Богдановиќ и Милвоки е подготвен да му понуди 80 милиони долари за четиригодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот