Започнува фудбалското лудило: Катар и Еквадор го отвараат Светското првенство

Фото: Fifa.com

Денеска со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор од 17:00 часот стартува Светското првенство во Катар.

Како и што е вообичаено Мундијалот започнува со натпреварот на домаќинот, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Ал Бајт“ кој беше изграден минатата година и има капацитет од 60.000 седишта.

Не се познати многу детали за тоа како ќе изгледа отварањето на Светското првенство меѓутоа се очекува да имаме спектакл. Термините за натпреварите се во пристојно време за европски услови и натпревари ќе се играат почнувајќи од 11:00 часот кој ќе биде првиот термин, па до последниот од 20:00 часот.

Светската титула ќе ја брани Франција за која вчера стигна разочарувачка вест, освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема ќе го пропушти Мундијалот.

Инфомрациите се дека околу 50.000 лица ќе бидат вклучени во обезбедувањето на натпреварите за се да помине во најдобар ред.

Распоред на натпревари на СП 2022 Катар 

Група „А“

20 ноември
17:00 часот Катар – Еквадор

21 ноември
17:00 Сенегал – Холандија

25 ноември
14:00 Катар – Сенегал
17:00 Холандија – Еквадор

29 ноември
16:00 Еквадор – Сенегал
16:00 Холандија – Катар

Група „Б“

21 ноември
14:00 Англија – Иран
20:00 САД – Велс

25 ноември
11:00 Велс – Иран
20:00 Англија – САД

29 ноември
20:00 Велс – Англија
20:00 Иран – САД

Група „Ц“

22 ноември
11:00 Аргентина – Саудиска Арабија
17:00 Мексико – Полска

26 ноември
14:00 Полска – Саудиска Арабија
20:00 Аргентина – Мексико

30 ноември
20:00 Полска – Аргентина
20:00 Саудиска Арабија – Мексико

Група „Д“:

22 ноември
14:00 Данска – Тунис
20:00 Франција – Австралија

26 ноември
11:00 Тунис – Австралија
17:00 Франција – Данска

30 ноември
16:00 Австралија – Данска
16:00 Тунис – Франција

Група „Е“

23 ноември
14:00 Германија – Јапонија
17:00 Шпанија – Костарика

27 ноември
11:00 Јапонија – Костарика
20:00 Шпанија – Германија

30 ноември
20:00 часот Јапонија – Шпанија
20:00 Костарика – Германија

Група „Ф“

23 ноември
11:00 Мароко – Хрватска
20:00 Белгија – Канада

27 ноември
14:00 Белгија – Мароко
17:00 часот Хрватска – Канада

1 декември:
16:00 Хрватска – Белгија
16:00 Канада – Мароко

Група „Г“

24 ноември:
11:00 Швајцарија – Камерун
20:00 Бразил – Србија

28 ноември
11:00 Камерун – Србија
17:00 Бразил – Швајцарија

2 декември
20:00 Србија – Швајцарија
20:00 Камерун – Бразил

Група „Х“

24 ноември
14:00 Уругвај – Јужна Кореја
17:00 Португалија – Гана

28 ноември
14:00 Јужна Кореја – Гана
20:00 Португалија – Уругвај

2 декември
16:00 Јужна Кореја – Португалија
16:00 Гана – Уругвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот