Започна и маршот за заштита на семејните вредности во Скопје – Слободен печат
ВестиСкопје

Започна и маршот за заштита на семејните вредности во Скопје

Граѓанската платформа „Сојуз за живот“ стои како организатор, промовирајќи ги вистинските животни, брачни, семејни и верски вредности.

Додека се одвива Парадата на гордоста, во исто време, со света литургија во црквата Св. Богородица започна и граѓанскиот собир за нега и заштита на семејните вредности.

Граѓанската платформа „Сојуз за живот“ стои како организатор, промовирајќи ги вистинските животни, брачни, семејни и верски вредности.

– Во духот на заштита на вредностите на бракот и семејството како граѓани и верници сме тука да го засведочиме највредното за нас. Нашата порака пред се е до луѓето кои ги носат одлуките во државата, сегашната, но и идните власти, како и до целата македонска јавност дека најголем процент од верниците не го прифаќаат процесот што треба да доведе до редефинирање на тоа што е брак, семејство, пол и род – изјави за МИА, отец Ивица Тодоров.

Ние се спротивставуваме на таа идеологија и поучени од случувањата на запад и страшните последици кои ги гледаме таму, се залагаме тоа да не пушти корени во нашата држава и општество, дополни отец Ивица Тодоров.

Според него, граѓанско-верскиот собир не е противтежа на најавената Парада на гордоста што исто така денеска треба да се одржи во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close