Запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација

Сечени дрва/ Фото МИА.мк

Вчера во периодот од 18.00 до 24 часот, полициски службеници од полициското одделение Ропотово и полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација. Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот