Запленети близу 7.000 пиротехнички средства и двајца приведени во Гостивар

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. 

 Двајца гостиварци се приведени во полициска станица, откако при контрола, кај нив се откриени речиси седум илјади петарди и други пиротехнички средства.

Според СВР Тетово, денеска околу 12:30 часот, на улиците „Борче Јовановски” и „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Б.А. (48) и С.К (35).

– При контрола на возило „Опел Мерива” кај Б. А. биле пронајдени и одземени 4.800 пиротехнички средства, а кај С.К., поранјдени и одземени се 1.835 парчиња пиротехнички средства. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот