Запечени њоки со грашок готови за половина час: Кремасто уживање во вкусови! (РЕЦЕПТ)

Њоките подготвени на овој начин се вистинско задоволство за вашите сетила…

Состојки:

– 400 грама њоки
– 2 лажици путер
– 100 грама шунка
– 2 чешниња лук
– 200 мл павлака за готвење
– 50 грама пармезан
– 150 грама грашок
– бибер

Подготовка:

– Загрејте ја рерната на 180 степени и истовремено сварете ги њоките во посолена вода.
– Извадете ги штом испливаат на површина
– Во тавче растопете путер и лесно запржете ги коцките шунка.
– Извадете ја шунката и ставете ја на страна.
– Во тавчето ставете сецкан лук и павлака и вратете го на оган.
– Додадете го пармезанот, помешајте, посолете и забиберете.
– Додадете ги њоките и половина од грашокот и гответе една минута на лесен оган.
– Преместете ги во сад за печење и печете додека смесата да се згусне, 15-20 минути.
– Извадете ги од рерна, додадете го преостанатиот грашок, коцките шунка и послужете го јадењето топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот